2 Коринќаните 12:3-9 MKB

3 И за таквиот човек знам, не знам дали во телото, не знам дали вон телото, Бог знае -

4 дека беше грабнат и издигнат до рајот и дека чул неискажливи зборови, што човекот не смее да ги каже.

5 Ќе се фалам со таков човек, а со себеси нема да се фалам, освен со своите слабости.

6 Зашто, ако би посакал да се фалам; нема да бидам неразумен, зашто би ја зборувал вистината. Но се воздржувам, за да не помисли некој за мене повеќе, отколку што во мене гледа или од мене слуша.

7 И за да не се возвишам поради прекумерните откровенија, даден ми е трн во телото, сатанин ангел, за да ме удира, за да не се возвишам.

8 Трипати го молев Господа за тоа, за да го отстрани од мене.

9 И Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, зашто Мојата сила се покажува совршена во слабоста.” Затоа, со поголема радост ќе се фалам во своите слабости, за да се всели во мене Христовата сила.