2 Коринќаните 12:4-10 MKB

4 дека беше грабнат и издигнат до рајот и дека чул неискажливи зборови, што човекот не смее да ги каже.

5 Ќе се фалам со таков човек, а со себеси нема да се фалам, освен со своите слабости.

6 Зашто, ако би посакал да се фалам; нема да бидам неразумен, зашто би ја зборувал вистината. Но се воздржувам, за да не помисли некој за мене повеќе, отколку што во мене гледа или од мене слуша.

7 И за да не се возвишам поради прекумерните откровенија, даден ми е трн во телото, сатанин ангел, за да ме удира, за да не се возвишам.

8 Трипати го молев Господа за тоа, за да го отстрани од мене.

9 И Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, зашто Мојата сила се покажува совршена во слабоста.” Затоа, со поголема радост ќе се фалам во своите слабости, за да се всели во мене Христовата сила.

10 Останувам со добра волја во: слабостите, навредите, неволјите, прогонувањата, притеснувањата заради Христа, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.