2 Коринќаните 12:9-15 MKB

9 И Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, зашто Мојата сила се покажува совршена во слабоста.” Затоа, со поголема радост ќе се фалам во своите слабости, за да се всели во мене Христовата сила.

10 Останувам со добра волја во: слабостите, навредите, неволјите, прогонувањата, притеснувањата заради Христа, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.

11 Станав безумен; вие ме принудивте.Требаше вие да ме препорачувате, зашто во ништо не сум подолен од најпрвите апостоли, ако и не сум ништо.

12 Апостолските знаци направени се меѓу вас во секакво трпење, во знаци, чудеса и сили.

13 Во што добивте помалку од другите цркви, освен што јас не ви бев товар. Простете ми ја таа вина!

14 Еве, готов сум да дојдам при вас и по третпат, и нема да ви бидам товар, зашто не го барам вашето, туку вас. Зашто, децата не се должни да печалат блага за родителите, туку родителите за децата.

15 А јас со најголемо задоволство ќе потрошам сè и самиот ќе се потрошам за вашите души. Кога јас ве љубам толку многу; ќе бидам ли јас помалку љубен?