3 зашто вие барате доказ дали зборува во мене Христос, Кој не е слаб кон вас, туку е силен меѓу вас.
4 Зашто Тој беше распнат по слабост, но живее од Божјата сила. И ние исто сме слаби во Него, но ќе живееме со Него од Божјата сила, меѓу вас.
5 Испитајте се сами себе: дали сте во верата, проверете се сами себе! Или не се познавате себеси, дека е Христос во вас? Инаку не сте потврдени.
6 Но се надевам дека ќе познаете дека ние не сме непотврдени.
7 Му се молам на Бога да не направите никакво зло, не затоа за да се покажеме ние потврдени, туку за да правите вие добро, а ние да бидеме како непотврдени.
8 Затоа ние не можеме ништо против вистината, туку само за вистината.
9 Имено, се радуваме кога сме ние слаби, а вие јаки; затоа и се молиме за вашето усовршување.