1 Почнуваме ли пак да се препорачуваме сами себеси? Или, можеби ни се потребни, како на некои, писмени препораки за вас или од вас?
2 Вие сте нашето писмо напишано во нашите срца, кое го познаваат и го читаат сите луѓе.
3 Зашто е очигледно дека сте Христово писмо, составено преку нашата служба; напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог; не на камени плочи, туку врз плочи - на човечките срца.
4 А такво уверување кон Бога имаме преку Христа.