2 Коринќаните 9:3-9 MKB

3 Сепак ги испраќам браќата, за да не се покаже, во овој однос, празно нашето фалење со вас и за да бидете, како што реков, приготвени,

4 и ако дојдат со мене Македонците и ве најдат неприготвени, да не се засрамиме ние, да не речам вие.

5 И така, сметав за потребно да ги замолам браќата да отидат пред нас при вас, и да го приготват однапред вашиот отпорано најавен дар на благослов, така што да биде готов како благослов, а не како користољубие.

6 А ова го велам: кој сее скржаво, скржаво и ќе жнее; кој сее во благослов, во благослов и ќе жнее!

7 Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител.

8 А Бог е силен да направи сета благодат да се излее изобилно врз вас, за да имате во сè секогаш сè што е потребно и да ви остане за секое добро дело,

9 како што е напишано: „Растури, им даде на бедните, Неговата правда останува вечна.”