1 Беше еден човек од Раматаим, Софимец од Ефремовата Гора, по име Елкан, син Јероамов, син Еливов, син Товин, син Суфов, Ефратец.
2 Имаше две жени: името на едната и беше Ана, а на другата името и беше Фенина. Фенина имаше деца, а Ана немаше.
3 Тој човек се искачуваше секоја година од својот град за да Му принесе жртва на Господа на Силите во Сило. Таму беа двајцата Илиеви синови, Офниј и Финес, како Господови свештеници.
4 Еден ден Елкан принесе жртва. Тој обично им даваше на својата жена Фенина и на сите нејзини синови и ќерки жртвени делови,