1 Самоилова 1:11-17 MKB

11 И се заветува вака: „Господи над Воинствата! Ако погледнеш на неволјата на својата слугинка, и си спомниш за мене, и не ја заборавиш својата слугинка та и дадеш на својата слугинка машко дете, јас ќе Му го подарам на Господа за сите денови на неговиот живот, и брич нема да помине преку неговата глава.”

12 Така таа се молеше долго пред Господа, а Илија ги набљудуваше нејзините усни.

13 Ана зборуваше во срцето; само се помрднуваа нејзините усни, а гласот не и се слушаше. Затоа Илија помисли дека е пијана.

14 И Илија и рече: „До кога ќе бидеш пијана? Отрезни се од виното што е во тебе!”

15 Но Ана одговори и рече: „Не сум пијана, господару, туку сум голема несреќница. Не сум пила ни вино ни опоен пијалак, туку ја излевам својата душа пред Господа.

16 Не суди ја својата слугинка како недобра жена, зашто заради тешка тага и жалост се молев толку долго.”

17 Тогаш Илија и одговори вака: „Оди си во мир! А Израелевиот Бог нека ти ја исполни молитвата со која Го молеше.”