12 Така таа се молеше долго пред Господа, а Илија ги набљудуваше нејзините усни.
13 Ана зборуваше во срцето; само се помрднуваа нејзините усни, а гласот не и се слушаше. Затоа Илија помисли дека е пијана.
14 И Илија и рече: „До кога ќе бидеш пијана? Отрезни се од виното што е во тебе!”
15 Но Ана одговори и рече: „Не сум пијана, господару, туку сум голема несреќница. Не сум пила ни вино ни опоен пијалак, туку ја излевам својата душа пред Господа.
16 Не суди ја својата слугинка како недобра жена, зашто заради тешка тага и жалост се молев толку долго.”
17 Тогаш Илија и одговори вака: „Оди си во мир! А Израелевиот Бог нека ти ја исполни молитвата со која Го молеше.”
18 А таа рече: „Нека твојата слугинка најде милост во твоите очи!” И жената си отиде по својот пат: јадеше, и лицето не и беше веќе тажно како порано.