22 Ама Ана не тргна со него, зашто му рече на својот маж: „Не ќе тргнам додека детето не се одбие од градите, а тогаш ќе го одведам да се покаже пред Господа и да остане таму засекогаш.”
23 И и одговори Елкан, нејзиниот маж: „Прави како што мислиш дека е добро; остани додека не го одбиеш од градите; само Господ нека ти ја исполни твојата желба!” И жената остана дома доејќи го својот син, додека не го одби од градите.
24 Штом го одби од градите, го поведе со себе, земајќи покрај тоа тригодишен јунец, ефа брашно и мев со вино; и го воведе во Господовиот Дом, во Сило. А детенцето беше уште многу младо.
25 Тогаш го заклаа јунецот, а мајката на детето му пристапи на Илија.
26 И Ана рече: „Дозволете, господару! Жив ти твојот живот, господару, јас сум онаа жена која стоеше тука крај тебе молејќи Му се на Господа.
27 Молев за ова дете, и Господ ја послуша мојата молитва, со која го просев.
28 Затоа и јас Му го отстапувам него на Господа за сите дни на неговиот живот: та измолен е од Господа.” И му се поклонија таму на Господа.