1 Самоилова 11:2-8 MKB

2 Но Амонецот Наас одговори: „Вака ќе склучам сојуз со вас: на секој од вас ќе му го извадам десното око, и така ќе му направам срам на сиот Израел.”

3 А јависките старешини му рекоа: „Остави ни седум денови, за да испратиме гласници во сите Израелеви краеви, па ако не се најде никој за да нè избави, ќе ти се предадеме тебе.”

4 И пратениците дојдоа во Саулова Гаваја па му изложија сè на народот за да чуе. Тогаш сиот народ заплака со висок глас.

5 А ете, Саул токму одеше по добитокот од полето, па праша: „Што им е на луѓето па плачат?” И му раскажаа што рекоа јависците.

6 Кога Саул ги чу тие зборови, Господовиот Дух слезе на него, и силен гнев зовре во него.

7 И тој зеде два вола, ги насече, и деловите ги испрати по пратеници во сите Израелеви краишта и порача: „Кој не ќе тргне по Саула, вака ќе биде со неговите говеда.” И Божјиот страв ги опфати луѓето, па тргнаа како еден човек.

8 Саул ги преброја во Везек: и имаше Израелеви синови три стотини илјади, а Јудини луѓе триесет илјади.