1 Самоилова 12:4-10 MKB

4 А тие одговорија: „Не нè измами, не нè угнетуваше, од никого не прими ништо.”

5 Уште им рече: „Господ е сведок за вас, и Неговиот помазаник е сведок во овој ден, дека не најдовте ништо во мојата рака.” А тие одговорија: „Сведок е!”

6 Тогаш Самоил му рече на народот: „Да, сведок е Господ, Кој ги постави Мојсеја и Арона и Кој ги изведе вашите татковци од Египет.

7 Застанете сега тука, да поразговарам со вас пред Господа и да ве потсетам на сите големи дела, кои ви ги направи Господ вам и на вашите татковци.

8 Кога Јаков дојде во Египет Египетците ги притиснаа, а вашите татковци извикаа кон Господа за помош. И Господ ги испрати Мојсеја и Арона, кои ги изведоа вашите татковци од Египет, и ги насели на ова место.

9 Но тие Го заборавија Господа, својот Бог, и Тој ги предаде во рацете на Сисара, војводата на асорската војска, и во рацете на Филистејците и во рацете на моавскиот цар, кои војуваа против нив.

10 И пак извикаа кон Господа за помош, говорејќи: ‘Згрешивме, зашто Го оставивме Господа и почнавме да им служиме на ваалите и на астартите; избави нè сега од рацете на нашите непријатели па ќе Ти служиме!’