11 Кога двајцата и се покажаа на филистејската стража, филистејците рекоа: „Ете Евреите почнаа да излегуваат од дупките во кои се скрија.”
12 И стражарите му викнаа на Јонатана и на неговиот оруженосец: „Искачете се кон нас за да ве научиме нешто!” А Јонатан му рече на својот оруженосец: „Искачувај се по мене, зашто Господ ги предаде во Израелевите раце.”
13 Јонатан почна да се искачува помагајќи се со рацете и нозете, а по него неговиот оруженосец. Филистејците паѓаа пред Јонатана, а неговиот штитоносец ги убиваше по него.
14 Во тој прв колеж што го направија Јонатан и неговиот штитоносец, паднаа дваесет луѓе на од прилика половина рало изорано поле.
15 Тогаш се рашири страв по логорот и по полето, а стравот ги опфати и стражарите и четата грабачи; и земјата се стресе, и тоа беше силен Божји страв.
16 А Сауловите стражари во Венијаминовата Гаваја забележија дека мноштвото во логорот се разбранувало на сите страни.
17 И Саул им рече на луѓето кои што беа со него: „Извикувајте по име и видите кој си отишол од нас.” А кога прозиваа, ете, ги немаше Јонатана и неговиот штитоносец!