1 Самоилова 14:19-25 MKB

19 Но додека Саул зборуваше со свештеникот, вревата во филистејскиот логор стануваше сè поголема, па Саул му рече на свештеникот: „Повлечи ја раката!”

20 Тогаш Саул и сиот народ што беше со него тргнаа заедно кон местото на бојот, и ете, таму ги беа извлекле мечевите едни на други, и голем смут владееше меѓу нив.

21 А оние Евреи кои од поодамна беа во служба на Филистејците и кои што тргнаа сега со нив во војската, се одметнаа од нив и им се придружија на Израелците, кои беа со Саула и со Јонатана.

22 И сите Израелци, кои се беа скриле во Ефремовата Гора, откако чуја дека Филистејците бегаат, се нафрлија по нив во бој.

23 Така Господ му додели победа на Израел во оној ден, а бојот се рашири сè до преку Вет Авен.

24 Израелците беа во оној ден многу изморени, зашто Саул ја изрече над народот оваа заклетва: „Проклет да биде човекот, кој ќе вкуси храна пред вечерта, пред да им се одмаздам на своите непријатели!” Така сиот народ не вкуси храна во тој ден.

25 Но таму имаше саќи со мед на површината на земјата.