1 Самоилова 14:28-34 MKB

28 Тогаш еден од народот проговори и рече: „Твојот татко го заколна народот, велејќи: ‘Проклет да е оној кој ќе вкуси храна денес!’”

29 А Јонатан одговори: „Мојот татко ја навалува несреќата на земјата. Гледајте, ми засветкаа очите зашто вкусив малку од тој мед.

30 Што би било допрва ако народот јадеше слободно од пленот што го доби од непријателот? Не ќе ли беше уште поголем филистејскиот пораз?”

31 Во оној ден ги поразија Филистејците од Михмас сè до Ајалон, а народот беше на крајот на своите сили.

32 Тогаш народот се нафрли на грабеж, нафаќа ситен добиток, говеда и телиња и почна да ги коле на гола земја и да го јаде месото со крвта.

33 И му соопштија на Саула, велејќи: „Ете народот му греши на Господа, јадејќи месо со крв!”

34 Потоа рече: „Отидете меѓу народот и речете им на сите нека секој го доведе при мене својот вол или овца; тука ќе ги колете и ќе ги јадете, а нема да Му грешите на Господа, јадејќи месо со крвта.” Така сиот народ уште во истата ноќ доведе кој што имаше, и тоа го колеа таму.