1 Самоилова 14:38-44 MKB

38 Затоа Саул рече: „Пристапете ваму, сите народни главатари! Испитајте и видете во што беше денешниот престап.

39 Зашто, живиот ми Господ, Кој му дава победа на Израел, ако се најде вина макар и на мојот син Јонатан, треба да умре!” Ама никој од народот не се осмели да му одговори на Саула.

40 Саул тогаш му рече на сиот Израел: „Вие застанете на една страна, а јас и мојот син Јонатан ќе застанеме на другата страна.” А народот му одговори на Саула: „Прави го она што мислиш дека е добро!”

41 Тогаш Саул се помоли: „Господи, Израелев Боже, зошто не му одговори денес на својот слуга? Ако е вината на мене или на мојот син Јонатан, Господи, Израелев Боже, дај Урим; ако е вината на Твојот народ Израел, дај Тумим.” И жрепката падна на Саула и на Јонатана, а народот излезе прав.

42 Саул продолжи: „Фрлете жрепка за мене и за мојот син Јонатан!” И жрепката падна на Јонатана.

43 Тогаш Саул му рече на Јонатана: „Признај што си направил!” Јонатан одговори: „Јас само вкусив малку мед со врвот на стапот што ми беше во раката. Еве ме, готов сум да умрам!”

44 Саул одговори: „Така Господ да ми направи зло и да ми додаде друго ако навистина не умреш Јонатане!”