1 Самоилова 14:44-50 MKB

44 Саул одговори: „Така Господ да ми направи зло и да ми додаде друго ако навистина не умреш Јонатане!”

45 Ама народот му рече на Саула: „Зар да умре Јонатан, кој ја извојува оваа голема победа во Израел? Тоа не смее да биде! Живиот ни Господ, ниедно влакно од неговата глава нема да падне на земја, зашто тој со Бога го изврши ова дело денес!” Така народот го избави, та Јонатан не загина.

46 Саул се откажа од потерата по Филистејците, а Филистејците се вратија во својот крај.

47 Кога Саул ја зацврсти својата царска власт над Израел, се сврте да војува против сите свои непријатели наоколу: против Моав, против Амонците, против Едом, против царот на Сова и против Филистејците; каде и да се завртеше секаде победуваше.

48 Даде многу докази за својата храброст, ги порази Амаликците и го избави Израел од рацете на оние кои што го ограбуваа.

49 Саулови синови беа: Јонатан, Исух и Мелхи-Суј, а од неговите две ќерки постарата се викаше Мерава, а помладата Михала.

50 Сауловата жена се викаше Ахиноама, а беше ќерка Ахимасова. Војводата на неговата војска се викаше Авенир, а му беше син на Нир, Сауловиот чичко.