1 Самоилова 14:6-12 MKB

6 Јонатан му рече на својот оруженосец: „Ајде да поминеме до стражата на оние необрезаници. Можеби Господ ќе направи нешто за нас, зашто ништо не Му пречи на Господа да додели победа, било да се многу луѓе или малку.”

7 А штитоносецот му одговори: „Прави сè на што те поттикнува твоето срце. Јас ќе дојдам со тебе, моето срце е како твоето срце.”

8 Јонатан му одговори: „Еве ќе поминеме кон тие луѓе и ќе им се покажеме.

9 Ако ни речат вака: ‘Не мрдајте сè додека не дојдеме до вас,’ тогаш ќе се исправиме на местото и нема да се искачуваме кон нив.

10 Ама ако ни речат вака: ‘Искачете се кон нас,’ тогаш ќе се искачиме, зашто Господ ни ги предаде во рацете. Тоа ќе ни биде знак.”

11 Кога двајцата и се покажаа на филистејската стража, филистејците рекоа: „Ете Евреите почнаа да излегуваат од дупките во кои се скрија.”

12 И стражарите му викнаа на Јонатана и на неговиот оруженосец: „Искачете се кон нас за да ве научиме нешто!” А Јонатан му рече на својот оруженосец: „Искачувај се по мене, зашто Господ ги предаде во Израелевите раце.”