1 Самоилова 18:1-7 MKB

1 Кога Давид го заврши разговорот со Саула, Јонатановата душа се наклони кон Давидовата душа, и Јонатан го возљуби како самиот себеси.

2 Саул го задржа Давида во оној ист ден кај себе, не го остави да се врати во куќата на својот татко.

3 И Јонатан склучи сојуз со Давида, зашто го љубеше како самиот себе.

4 И Јонатан ја симна наметката што ја имаше на себе и му ја даде на Давида; така и својата облека, па и својот меч, својот лак и својот појас.

5 Во сите свои походи, каде и да го праќаше Саул, Давид постапуваше разумно, и Саул го постави на чело на своите воини; тој му замилеа на сиот народ, па и на Сауловите дворјанци.

6 При нивното враќање, кога Давид се враќаше откако го уби Филистеецот, жените од сите Израелеви градови му излегоа во пресрет на царот Саул воскликнувајќи весело, пеејќи и играјќи при звуци на тапани и гуслиња.

7 Жените пееја играјќи: „Саул погуби илјади, Давид десетици илјади.”