14 Давид имаше успех во сите свои патишта, зашто Господ беше со него.
15 Кога Саул виде дека Давид има многу успеси, го опфати страв од него.
16 Ама Давид им замилеа на сиот Израел и на Јуда, зашто тој ги водеше по сите нивни патишта.
17 Саул му рече на Давида: „Еве ќе ти ја дадам за жена својата најстара ќерка Мерава, само биди ми храбар и води ги Господовите боеви!” Саул мислеше: „Нема да падне од мојата рака, туку нека се крене на него филистејската рака!”
18 А Давид одговори: „Кој сум јас и што значи мојот живот, што куќата на мојот татко, во Израел, за да бидам царев зет?”
19 И кога дојде време Сауловата ќерка Мерава да тргне со Давида, му ја дадоа за жена на Адрил од Меола.
20 Ама Давида го љубеше Сауловата ќерка Михала; кога му јавија тоа на Саула, му беше право.