1 Самоилова 18:15-21 MKB

15 Кога Саул виде дека Давид има многу успеси, го опфати страв од него.

16 Ама Давид им замилеа на сиот Израел и на Јуда, зашто тој ги водеше по сите нивни патишта.

17 Саул му рече на Давида: „Еве ќе ти ја дадам за жена својата најстара ќерка Мерава, само биди ми храбар и води ги Господовите боеви!” Саул мислеше: „Нема да падне од мојата рака, туку нека се крене на него филистејската рака!”

18 А Давид одговори: „Кој сум јас и што значи мојот живот, што куќата на мојот татко, во Израел, за да бидам царев зет?”

19 И кога дојде време Сауловата ќерка Мерава да тргне со Давида, му ја дадоа за жена на Адрил од Меола.

20 Ама Давида го љубеше Сауловата ќерка Михала; кога му јавија тоа на Саула, му беше право.

21 Тој рече во себе: „Ќе му ја дадам, ама таа ќе му биде стапица, и филистејската рака ќе се дигне на него.” Саул по вторпат му рече на Давида: „Денес ќе ми бидеш зет.”