1 Самоилова 18:25-30 MKB

25 А Саул одговори: „Речете му на Давида вака: ‘Царот не бара никаков свадбен подарок туку само сто филистејски обрезоци, за да им се одмазди на царевите непријатели.’” Саул мислеше така ќе го урне Давида во рацете на Филистејците.

26 Сауловите слуги му ги соопштија тие зборови на Давида, а нему му беше по волја да стане царев зет. Уште пред да истече времето

27 Давид се подготви и тргна со своите луѓе па им уби на Филистејците две стотини луѓе; и ги донесе нивните обрезоци и му ги предаде на царот на број, за да стане негов зет. Тогаш Саул му ја даде својата ќерка Михала за жена.

28 Саул виде јасно дека Господ е со Давида и дека сиот Израелев дом го љуби.

29 И Саул се исплаши уште повеќе од Давида и му стана непријател на Давида засекогаш.

30 А филистејските кнезови излегуваа во бој, ама колку пати и да излегуваа, Давид имаше повеќе успеси отколку сите Саулови дворјани; и така неговото име стана многу славно.