1 Самоилова 2:17-23 MKB

17 Гревот на овие луѓе беше многу голем пред Господа, зашто луѓето ја презираа жртвата што Му беше принесувана на Господа.

18 А Самоил служеше пред Господа, уште дете во ленен наплеќник.

19 Неговата мајка му правеше горна облека за наметнување и му ја донесуваше секоја година, кога ќе дојдеше со својот маж, за да ја принесе годишната жртва.

20 А Илија ги благословуваше Елкана и неговата жена, велејќи: „Господ нека ти даде пород од таа жена наместо подарокот што Му го даде на Господа.” Тогаш се враќаа во својот дом.

21 Господ ја посети Ана, и таа зачна и роди уште три сина и две ќерки; а детето Самоил растеше со Господа.

22 Илија веќе беше многу стар, ама сепак чу сè што неговите синови му правеа на сиот Израел, и дека лежеле со жените, кои се собирале при влезот на Шаторот на сведоштвото.

23 И тој им рече: „Зашто работите такво нешто, за да треба да слушам за тоа од сиот овој народ?