18 А Самоил служеше пред Господа, уште дете во ленен наплеќник.
19 Неговата мајка му правеше горна облека за наметнување и му ја донесуваше секоја година, кога ќе дојдеше со својот маж, за да ја принесе годишната жртва.
20 А Илија ги благословуваше Елкана и неговата жена, велејќи: „Господ нека ти даде пород од таа жена наместо подарокот што Му го даде на Господа.” Тогаш се враќаа во својот дом.
21 Господ ја посети Ана, и таа зачна и роди уште три сина и две ќерки; а детето Самоил растеше со Господа.
22 Илија веќе беше многу стар, ама сепак чу сè што неговите синови му правеа на сиот Израел, и дека лежеле со жените, кои се собирале при влезот на Шаторот на сведоштвото.
23 И тој им рече: „Зашто работите такво нешто, за да треба да слушам за тоа од сиот овој народ?
24 Немојте така, синови мои! Не се добри гласовите што ги слушам... го соблазнувате Господовиот народ.