1 Самоилова 2:26-32 MKB

26 А детето Самоил сè повеќе растеше и придобиваше благонаклоност и пред Господа и пред луѓето.

27 Тогаш дојде еден Божји човек при Илија и му рече: „Господ зборува вака: ‘Нели му се јавив јасно на домот на твојот татко кога беа во Египет, во домот на фараонот?

28 Ги избрав од сите Израелеви племиња за да ми бидат свештеници, за да се искачуваат на Мојот жртвеник, за да принесуваат жртви паленици и за да носат наплеќник пред Мене: и му ги дадов на домот на твојот татко сите палени жртви на Израелевите синови.

29 Зошто ја газите Мојата жртва и Мојот лебен принос? И зошто ги пазиш своите синови повеќе од Мене, гоејќи ги со најдобрите делови на сите жртвени приноси на Мојот народ Израел?’

30 ’Затоа - Господ, Израелевиот Бог говори - навистина реков дека твојот дом и домот на твојот татко ќе стапуваат пред Мене довека, сега - говори Господ - нека е тоа далеку од Мене, ќе ги прославам оние кои Ме прославуваат Мене, а кои не Ме слават Мене, ќе бидат засрамени.

31 Ете, доаѓаат денови кога ќе ги отсечам твојата мишка и мишката на домот на татка ти, така што веќе не ќе има старец во твојот дом.

32 Ти ќе гледаш со кривогледо око на сите добра со кои ќе го опсипам Израел, и никогаш веќе не ќе има старец во твојот дом.