1 Самоилова 20:18-24 MKB

18 Потоа Јонатан му рече на Давида: „Утре е млада месечина и ќе забележи дека те нема, зашто твоето место ќе биде празно.

19 Задутре ќе види уште поочигледно дека те нема, а ти дојди на местото каде што се скри во денот на оној настан, и седни при каменот Езел.

20 А јас ќе фрлам три стрели кон онаа страна како да гаѓам цел.

21 А тогаш ќе го испратам момокот и ќе му речам: ‘Оди! најди ја стрелата!’ Ако тогаш му викнам на момокот ‘Внимавај стрелата е ваму поблизу од тебе, донеси ја!’ - ти тогаш дојди, зашто има мир за тебе и нема никаква опасност, така ми живиот Господ!

22 Ако му викнам на момокот: ‘Внимавај! стрелата е онаму подалеку од тебе’ - ти тогаш отиди си, зашто Господ те праќа оттука.

23 А за овој договор, за кој се договоривме јас и ти, Господ нека е сведок меѓу мене и тебе довека!”

24 Потоа Давид се скри во полето. И кога излезе нов месец царот седна покрај столот за да јаде.