1 Самоилова 20:19-25 MKB

19 Задутре ќе види уште поочигледно дека те нема, а ти дојди на местото каде што се скри во денот на оној настан, и седни при каменот Езел.

20 А јас ќе фрлам три стрели кон онаа страна како да гаѓам цел.

21 А тогаш ќе го испратам момокот и ќе му речам: ‘Оди! најди ја стрелата!’ Ако тогаш му викнам на момокот ‘Внимавај стрелата е ваму поблизу од тебе, донеси ја!’ - ти тогаш дојди, зашто има мир за тебе и нема никаква опасност, така ми живиот Господ!

22 Ако му викнам на момокот: ‘Внимавај! стрелата е онаму подалеку од тебе’ - ти тогаш отиди си, зашто Господ те праќа оттука.

23 А за овој договор, за кој се договоривме јас и ти, Господ нека е сведок меѓу мене и тебе довека!”

24 Потоа Давид се скри во полето. И кога излезе нов месец царот седна покрај столот за да јаде.

25 Царот седна на своето вообичаено место, на местото до ѕидот, Јонатан се смести спроти него, Авенир седна покрај Саула, а Давидовото место остана празно.