1 Самоилова 20:22-28 MKB

22 Ако му викнам на момокот: ‘Внимавај! стрелата е онаму подалеку од тебе’ - ти тогаш отиди си, зашто Господ те праќа оттука.

23 А за овој договор, за кој се договоривме јас и ти, Господ нека е сведок меѓу мене и тебе довека!”

24 Потоа Давид се скри во полето. И кога излезе нов месец царот седна покрај столот за да јаде.

25 Царот седна на своето вообичаено место, на местото до ѕидот, Јонатан се смести спроти него, Авенир седна покрај Саула, а Давидовото место остана празно.

26 Ама Саул не рече ништо во оној ден, зашто мислеше: „Му се случило нешто, та не е чист.”

27 Утреден по младата месечина во вториот ден на месецот, Давидовото место пак остана празно, и Саул го праша својот син Јонатан: „Зошто Јесејовиот син не дојде на ручек ни вчера ни денес?”

28 А Јонатан му одговори на Саула: „Давид ме молеше упорно да го пуштам да оди во Витлеем.