1 Самоилова 20:35-41 MKB

35 Утреден наутро Јонатан излезе во полето според спогодбата со Давида, со него одеше млад момок.

36 И тој му рече на својот момок: „Ти ќе се затрчаш и ќе ги најдеш стрелите што ќе ги фрлам сега.” И момокот се затрча, а Јонатан ја оптегна стрелата така што прелета преку него.

37 Кога момокот дојде до местото каде што беше стрелата, што ја фрли Јонатан, Јонатан му викна на момокот: „Не е ли стрелата онаму подалеку од тебе?”

38 Уште Јонатан му викна на момокот: „Побргу! Побрзај! Не стој!” Јонатановиот момок ја крена стрелата и му ја донесе на својот господар.

39 Момокот не забележа ништо, само Јонатан и Давид знаеја за што се работи.

40 Тогаш Јонатан му го предаде оружјето на момокот и му рече: „Оди си и однеси го тоа во градот!”

41 Кога си отиде момокот, Давид излезе од кон југ, падна ничкум на земјата и се поклони трипати. Потоа се изљубија и плачеа заедно, но Давид плачеше повеќе.