1 Самоилова 20:9-15 MKB

9 А Јонатан му одговори: „Далеку да е од тебе таа мисла! Кога би знаел веродостојно дека мојот татко наумил цврсто за да навали несреќа врз тебе, зар јас не би ти јавил?”

10 Давид го праша Јонатана: „А кој ќе ми јави ако твојот татко ти одговори нешто лошо?”

11 Јонатан му одговори на Давида: „Дојди, да излеземе во полето!” И двајцата излегоа во полето.

12 Тогаш Јонатан му рече на Давида: „Господ Израелевиот Бог, нека ми биде сведок! Јас ќе го искушам татка си, утре во ова време. Ако биде добро за Давида, а јас не испратам кај тебе за да те известам,

13 Господ нека му го направи тоа зло на Јонатана и нека му додаде друго зло! Ако на татка ми му биде мило да ти направи зло, ќе ти јавам, и ќе те пуштам да си отидеш во мир; и Господ нека биде со тебе, како што беше со мојот татко!

14 Ако јас уште бидам жив, ќе можеш да ми ја искажеш Господовата милост;

15 Ако умрам, не крати му ја твојата добрина на мојот дом довека! Кога Господ ќе ги откорне редум Давидовите непријатели од лицето на земјата,