1 Давид дојде во Ноб кај свештеникот Ахимелех. Овој треперејќи тргна во пресрет на Давида и го праша: „Зошто си сам и нема никој со тебе?”
2 А Давид му одговори на свештеникот Ахимелех: „Царот ми даде налог и ми рече: ‘Никој нека не знае зошто те праќам и што ти заповедав!’ А момчињата ги испратив да ме пречекаат на тоа и тоа место.
3 А сега ако имаш при рака пет лебови, дај ми ги, или нешто што ќе се најде!”
4 А свештеникот му одговори на Давида: „Немам при рака обичен леб, туку само свет леб; ама само ако твоите момци се воздржале од жена.”
5 Давид му одговори на свештеникот вака: „Сосем безбедно! Жените ни беа воздржани, како и порано кога јас излегував, и телата на момците се чисти. Иако е ова обичен пат, навистина денес се чисти со телата.”
6 Тогаш свештеникот му даде свет леб, зашто немаше друг леб таму освен жртвениот, оној што беше отстрануван од пред Господа за да се замени со топол леб, во денот кога се зема.