1 Самоилова 21:4-10 MKB

4 А свештеникот му одговори на Давида: „Немам при рака обичен леб, туку само свет леб; ама само ако твоите момци се воздржале од жена.”

5 Давид му одговори на свештеникот вака: „Сосем безбедно! Жените ни беа воздржани, како и порано кога јас излегував, и телата на момците се чисти. Иако е ова обичен пат, навистина денес се чисти со телата.”

6 Тогаш свештеникот му даде свет леб, зашто немаше друг леб таму освен жртвениот, оној што беше отстрануван од пред Господа за да се замени со топол леб, во денот кога се зема.

7 Таму во истиот ден беше еден од Сауловите слуги, се задржал пред Господа; се викаше Доик Идумеец, а беше надгледувач на Сауловите пастири.

8 Давид го праша Ахимелеха: „А немаш ли тука при рака некакво копје или меч? Не го зедов со себе ни својот меч ни своето оружје, зашто царскиот налог беше итен.”

9 А свештеникот му одговори: „Тука е мечот на Филистеецот Голијат, на оној кого што го уби во Илинската Долина; завиткан е во плаштеница и е положен зад наплеќникот; ако сакаш да го земеш, само земи го, зашто друг освен него нема тука.” А Давид одговори: „Таков веќе нема, дај ми го!”

10 Потоа Давид стана и избега во оној ден далеку од Саула, и дојде кај Ахис, царот на Гат.