1 Самоилова 21:9-15 MKB

9 А свештеникот му одговори: „Тука е мечот на Филистеецот Голијат, на оној кого што го уби во Илинската Долина; завиткан е во плаштеница и е положен зад наплеќникот; ако сакаш да го земеш, само земи го, зашто друг освен него нема тука.” А Давид одговори: „Таков веќе нема, дај ми го!”

10 Потоа Давид стана и избега во оној ден далеку од Саула, и дојде кај Ахис, царот на Гат.

11 А Ахисовите дворјани му рекоа на својот цар: „Не е ли тоа Давид, царот на земјата? Тоа е оној за кого пееја, играјќи: ‘Саул порази илјади, Давид десетици илјади.’”

12 Давид се замисли за тие зборови и многу се исплаши од гатскиот цар Ахис.

13 Тогаш Давид почна да се преправа пред нив како да е умоболен и се владееше како безумник во нивните раце: тропаше по вратите и оставаше да му тече лига низ брадата.

14 Тогаш Ахис им рече на своите дворјани: „Гледате добро дека човекот е безумник! Зошто го доведувате кај мене?

15 Зар немам доста безумници та ми го доведувате овој, за да ми додева со своето лудило? Зар тој ќе влезе во мојата куќа?”