15 Давид се плашеше дека Саул излезе на војна за да нападне на неговиот живот. Затоа Давид остана во пустината Зиф во гората.
16 Тогаш Сауловиот син Јонатан тргна на пат и дојде кај Давида во Дубравата, и го охрабри во Божјо име.
17 Му рече: „Не бој се, зашто нема да те стигне раката на мојот татко Саул. Ти ќе царуваш над Израел, а јас ќе бидам втор до тебе; и мојот татко Саул го знае тоа добро.”
18 И тие двајца склучија сојуз пред Господа. Давид остана во гората, а Јонатан си отиде во својот дом.
19 Еден ден Зифејците дојдоа кај Саула на Гаваја и му јавија: „Давид се крие кај нас во горските засолништа во Дубравата, на ридот Ехела, што е јужно од Гесимон.
20 Сега, цару, кога ќе сакаш да слезеш, слези, а наше е да го предадеме во рацете на царот.”
21 А Саул одговори: „Господ да ве благослови дека ме сожаливте!