1 Самоилова 23:17-23 MKB

17 Му рече: „Не бој се, зашто нема да те стигне раката на мојот татко Саул. Ти ќе царуваш над Израел, а јас ќе бидам втор до тебе; и мојот татко Саул го знае тоа добро.”

18 И тие двајца склучија сојуз пред Господа. Давид остана во гората, а Јонатан си отиде во својот дом.

19 Еден ден Зифејците дојдоа кај Саула на Гаваја и му јавија: „Давид се крие кај нас во горските засолништа во Дубравата, на ридот Ехела, што е јужно од Гесимон.

20 Сега, цару, кога ќе сакаш да слезеш, слези, а наше е да го предадеме во рацете на царот.”

21 А Саул одговори: „Господ да ве благослови дека ме сожаливте!

22 И така, одете, распрашајте се уште и извидете го добро местото каде ќе го донесат неговите итри чекори; ми рекоа дека е многу лукав.

23 Затоа пребарајте ги сите дупки во кои што се завлекува, па вратете се кај мене кога ќе знаете подетално. Тогаш јас ќе тргнам со вас, па ако биде некаде во земјата, ќе одам по неговите траги низ сите Јудини родови.”