1 Самоилова 24:1-7 MKB

1 Оттаму Давид се искачи и се настани во енгатските горски засолништа. Кога Саул се врати од потерата по Филистејците, му го јавија ова: „Давид е во Енгадската Пустина!”

2 Тогаш Саул зеде три илјади одбрани луѓе од сиот Израел и тргна да ги бара Давида и неговите луѓе на исток од Стрмната Стена на Дивите Кози.

3 Одејќи дојде до овчите кошари покрај патот, таму имаше пештера, и Саул влезе за да клекне; а Давид со своите луѓе седеше во дното на пештерата.

4 И му рекоа на Давида неговите луѓе. „Еве го денот за кој ти рече Господ: ‘Јас ќе ти го предадам твојот непријател во твоите раце, постапувај со него како што ти се сака!’” А Давид стана и незабележливо го отсече скутот на Сауловиот плашт.

5 Но после го печеше совеста Давида зашто го отсече скутот од Сауловиот плашт,

6 па им рече на своите луѓе: „Да ме чува Господ да му направам такво нешто на својот господар, да кренам рака на него, зашто е Господов помазаник.”

7 И Давид ги укори со остри зборови своите луѓе и не им дозволи да станат против Саула. А Саул излезе од пештерата и тргна по својот пат.