1 Самоилова 24:15-21 MKB

15 Господ нека биде судија, тој нека суди меѓу мене и тебе, нека ја испита и нека ја брани мојата работа и нека ми набави правда: нека ме избави од твојата рака!”

16 Кога Давид му ги изговори тие зборови на Саула, Саул одговори: „Дали е тоа твојот глас, сине Давиде?” И Саул заплака гласно.

17 Потоа му рече на Давида: „Поправеден си од мене, зашто ти ми направи мене добро, а јас ти направив тебе зло.

18 А денес ја овенча својата добрина кон мене, зашто Господ ме предаде во твоите раце, а ти не ме уби.

19 Кога човек ќе го најде својот непријател, го пушта ли да оди мирно по својот пат? Господ нека ти плати за она добро што ми го направи денес!

20 Сега знам веродостојно дека навистина ќе бидеш цар и дека царството над Израел ќе се одржи трајно во твојата рака.

21 Затоа заколни ми се сега во Господа дека нема да го сотреш моето потомство по мене и дека нема да го избришеш моето име од мојот татков дом!”