1 Луѓето од Зиф дојдоа кај Саула и му јавија: „Давид се крие во Ехелското Брдо, спроти Гесимон.”
2 Тогаш Саул тргна на пат и слезе во пустината Зиф, а со него три илјади избрани Израелпци, за да го бара Давида во пустината Зиф.
3 Саул се влогори во подножјето на Ехелското Брдо, што е спроти Гесимон, покрај патот. Давид, кој престојуваше во пустината, забележа дека Саул дојде онаму за да го гони.
4 Затоа Давид испрати согледувачи и научи дека Саул навистина дошол.
5 Давид се крена и дојде до местото каде што се влогорил Саул. Таму Давид го здогледа местото каде што спиеја Саул и Авенир, синот Ниров, неговиот војвода: Саул спиеше среде логорот, а војската лежеше во круг околу него.