1 Самоилова 26:1-6 MKB

1 Луѓето од Зиф дојдоа кај Саула и му јавија: „Давид се крие во Ехелското Брдо, спроти Гесимон.”

2 Тогаш Саул тргна на пат и слезе во пустината Зиф, а со него три илјади избрани Израелпци, за да го бара Давида во пустината Зиф.

3 Саул се влогори во подножјето на Ехелското Брдо, што е спроти Гесимон, покрај патот. Давид, кој престојуваше во пустината, забележа дека Саул дојде онаму за да го гони.

4 Затоа Давид испрати согледувачи и научи дека Саул навистина дошол.

5 Давид се крена и дојде до местото каде што се влогорил Саул. Таму Давид го здогледа местото каде што спиеја Саул и Авенир, синот Ниров, неговиот војвода: Саул спиеше среде логорот, а војската лежеше во круг околу него.

6 Давид им се обрати на Хетеецот Ахимелех и на Ависај, синот Серуин, а брат Јоавов, и им рече: „Кој ќе дојде со мене во логорот сè до Саула?” А Ависај одговори: „Јас ќе дојдам со тебе.”