22 А Давид одговори: „Еве го царевото копје, нека дојде еден од момците и нека го земе!
23 А Господ ќе му врати секому според неговата правда и според неговата верност: Денес Господ те предаде во мои раце, ама не сакав да кренам рака на Господовиот помазаник.
24 И ете, како што денес твојот живот беше мил во моите очи, така мојот живот нека биде мил во Господовите очи! И Господ нека ме избави од секоја неволја!”
25 А Саул му викна на Давида: „Биди ми благословен, сине Давиде! Бездруго ќе го извршиш своето дело и ќе успееш!” Потоа Давид си отиде по својот пат, а Саул се врати во своето место.