1 Самоилова 26:8-14 MKB

8 Тогаш Ависај му рече на Давида: „Денес Бог ти го предаде твојот непријател во твои раце; затоа сега дозволи да го прободам за земјата со неговото сопствено копје, со еден единствен удар, друг не ми треба.”

9 Ама Давид му одговори на Ависај: „Не го убивај! Зашто кој ќе ја подигне својата рака на Господовиот помазаник и ќе остане неказнет?”

10 Уште продолжи Давид: „Живиот ми Господ, и Господ ќе го удри, или ќе дојде неговиот ден да умре, или ќе отиде во бој и ќе загине.

11 Да не ми даде Господ да кренам рака на Господовиот помазаник! Туку земи ги сега копјето што му е кај возглавјето и садот за вода, па да си одиме!”

12 И Давид ги зеде копјето и садот за вода што беа кај Сауловото возглавје, и тие си отидоа: никој ништо не виде ни забележа, никој не се разбуди, туку сите спиеја, зашто врз нив падна длабок сон од Господа.

13 Давид помина на другата страна и застана на врвот на гората на некоја далечина, така што меѓу нив беше големо пространство.

14 Тогаш им викна на војската и на Авенир, синот Ниров, вака: „Зар не ќе се одѕвиеш Авенире?” А Авенир се одѕва и праша: „Кој си ти што го вознемируваш царот?”