1 Филистејците ги собраа сите свои чети во Афек, а Израелците го поставија својот логор кај изворот во Езраел.
2 Филистејските кнезови поминуваа со своите стотини и илјади, а Давид и неговите луѓе одеа сосем на крај со Ахис.
3 Филистејските кнезови прашаа: „Што сакаат тука овие Евреи?” А Ахис им одговори на филистејските кнезови: „Па ова е Давид, слугата на израелскиот цар Саул! Веќе година-две е кај мене, ама не најдов на него ништо сомнително од оној ден кога пребега кај мене па до денешниот ден.”
4 Но филистејските кнезови пламнаа на него и му рекоа: „Испрати го тој човек назад, нека се врати во местото што си му го определил. Нека не иде со нас во бојот, за да не се сврти против нас во бојот! Со што тој пак би му се замилел на својот господар, ако не со главите на овие наши луѓе?
5 Тоа е оној ист Давид за кого што се пееше играјќи: ‘Саул порази илјади, Давид десетини илјади.’”
6 Тогаш Ахис го повика Давида и му рече: „Живиот ми Господ, ти си чесен, и мене ќе ми беше мило да ме придружуваш во движењата на мојата војска, зашто не најдов никакво зло врз тебе од оној ден кога дојде кај мене па до денешниот ден. Ама не си мил во очите на кнезовите.
7 Затоа сега врати се и оди си со мир дома, за да не ги онерасположиш филистејските кнезови!”