1 Самоилова 29:4-10 MKB

4 Но филистејските кнезови пламнаа на него и му рекоа: „Испрати го тој човек назад, нека се врати во местото што си му го определил. Нека не иде со нас во бојот, за да не се сврти против нас во бојот! Со што тој пак би му се замилел на својот господар, ако не со главите на овие наши луѓе?

5 Тоа е оној ист Давид за кого што се пееше играјќи: ‘Саул порази илјади, Давид десетини илјади.’”

6 Тогаш Ахис го повика Давида и му рече: „Живиот ми Господ, ти си чесен, и мене ќе ми беше мило да ме придружуваш во движењата на мојата војска, зашто не најдов никакво зло врз тебе од оној ден кога дојде кај мене па до денешниот ден. Ама не си мил во очите на кнезовите.

7 Затоа сега врати се и оди си со мир дома, за да не ги онерасположиш филистејските кнезови!”

8 Давид му одговори на Ахиса: „Та што сум сторил и што си забележал на својот слуга од оној ден кога стапив во твоја служба па до денешниот ден, за да не можам да одам да се борам со непријателите на својот господар цар?”

9 А Ахис му одговори на Давида: „Ти самиот знаеш дека си ми мил во моите очи како Божји Ангел, ама филистејските кнезови рекоа: ‘Нека не иде со нас во бој!’

10 Затоа станете рано наутро, ти и слугите на твојот господар кои што дојдоа со тебе. И така, кога ќе станете рано наутро, штом се раздени, ќе си отидете!”