10 Потоа го ставија оружјето во Астартиниот храм, а Сауловото мртво тело го приковаа врз ѕидот на градот Вет Сан.
11 Но кога оние во Галадскиот Јавис чуја што направија Филистејците со Саула,
12 станаа сите храбри луѓе и, откако одеа цела ноќ, ги зедоа Сауловото мртво тело и телата на неговите синови од ѕидот на градот Вет Сан, па ги донесоа во Јавис и таму ги изгореа.
13 Потоа ги зедоа нивните коски и ги закопаа под дабот во Јавис, и постеа седум дена.