1 Самоилова 31:3-9 MKB

3 Бојот стана пожесток околу Саула. Го изненадија стрелци со лакови, и тој падна тешко ранет од стрелците.

4 Тогаш Саул му рече на својот оруженосец: „Извлечи го својот меч и прободи ме, за да не дојдат тие необрезаници та ме прободат и ми се наругаат.” Ама неговиот штитоносец се исплаши и не сакаше да го направи тоа. Затоа Саул го зеде мечот и се фрли на него.

5 Кога оруженосецот виде дека Саул умре, се фрли и тој на својот меч и умре со него.

6 Така во тој ден загинаа заедно со Саула, неговите три сина, неговиот оруженосец и сите негови луѓе.

7 Кога Израелците, кои беа на другата страна на долината и на другата страна на Јордан, видоа дека Израелевите синови избегаа и дека Саул загина со синовите, ги оставија своите градови та се разбегаа. Филистејците дојдоа и се населија во нив.

8 Кога утреден дојдоа Филистејците за да ги ограбат победените, ги најдоа Саула и неговите три сина каде што лежат на гората Гелвуе.

9 Тие му ја отсекоа главата и го симнаа од него оружјето, што го испратија по сета Филистејска Земја, јавувајќи им ја веселата вест на своите идоли и на народот.