1 Во она време Филистејците собраа војска против Израел. Израелците излегоа пред нив за да војуваат, и се влогорија кај Евен Езер, додека Филистејците поставија логор кај Афек.
2 Филистејците се построија во боен ред против Израел, и настана жестока битка. Израел им подлегна на Филистејците: околу четири илјади луѓе загинаа на боиштето, на отворено поле.
3 Кога народот се врати во логорот, Израелевите старешини рекоа: „Зошто Господ дозволи денес да нè победат Филистејците? Да појдеме во Сило по Ковчегот на Господовиот Завет, нека дојде во наша средина и нека нè спаси од рацете на нашите непријатели.”
4 Народот испрати луѓе во Сило, и го донесоа оттаму Ковчегот на Заветот на Господа, на силите, кој престолува над херувимите; двата Илиеви сина, Офниј и Финес, дојдоа како придружници на Ковчегот.