1 Самоилова 4:11-17 MKB

11 И Божјиот Ковчег беше одземен, и двата Илиеви сина загинаа, Офниј и Финес.

12 Еден Венијамовец отрча од бојните редови и стигна во Сило уште на истиот ден, со искинати облеки и со глава посипана со прав.

13 Кога стигна, Илија седеше на својата столица, покрај огнот, внимавајќи на патот, зашто срцето му трепереше од страв за Божјиот Ковчег. Имено, тој човек дојде за да му донесе на градот глас, и настана силна викотница низ сиот град.

14 Кога Илија ја чу виката, праша: „Каква е таа голема викотница?” Човекот поита и дојде да го извести Илија.

15 А Илија беше тогаш на деведесет и осум години, очите му беа помрачени, та веќе ништо не гледаше.

16 Човекот му рече на Илија: „Доаѓам од боиштето, денес избегав од бојот.” Тогаш старецот праша: „Што се случило, сине?”

17 Гласникот одговори: „Израел избега пред Филистејците, тоа беше голем пораз за народот, и уште двата твои сина загинаа, и Божјиот Ковчег е грабнат!”