1 Самоилова 4:16-22 MKB

16 Човекот му рече на Илија: „Доаѓам од боиштето, денес избегав од бојот.” Тогаш старецот праша: „Што се случило, сине?”

17 Гласникот одговори: „Израел избега пред Филистејците, тоа беше голем пораз за народот, и уште двата твои сина загинаа, и Божјиот Ковчег е грабнат!”

18 Кога го спомна Божјиот Ковчег, Илија падна од столицата назад покрај вратата, го скрши вратот и умре, зашто беше стар и тежок човек. Беше судија во Израел четириесет години.

19 Неговата снаа, Финесовата жена, беше трудна и пред породување. Кога чу дека е грабнат Божјиот Ковчег и дека умре нејзиниот свекор и дека загина нејзиниот маж, се свитка и роди, зашто наеднаш ја опфатија породилни болки.

20 Бидејќи беше на умирање, жените, кои што стоеја околу неа и рекоа: „Биди без грижа, зашто роди син!” Ама таа не одговори ниту обрна внимание.

21 На детето му го даде името Ихавод (неславен), велејќи: „Славата си отиде од Израел.” Со тоа мислеше на грабнатиот Божји Ковчег и на својот свекор и на својот маж.

22 Затоа рече: „Славата си отиде од Израел,” зашто е одземен Божјиот Ковчег.