1 Самоилова 4:9-15 MKB

9 Охрабрете се и бидете јунаци, Филистејци, за да не им станете робови на Евреите, како што тие ви беа робови вам; бидете јунаци и борете се!”

10 Тогаш Филистејците заметнаа битка, Израелците беа поразени и избегаа секој во својот шатор. Поразот беше силен, зашто загинаа триесет илјади пешаци од Израелците.

11 И Божјиот Ковчег беше одземен, и двата Илиеви сина загинаа, Офниј и Финес.

12 Еден Венијамовец отрча од бојните редови и стигна во Сило уште на истиот ден, со искинати облеки и со глава посипана со прав.

13 Кога стигна, Илија седеше на својата столица, покрај огнот, внимавајќи на патот, зашто срцето му трепереше од страв за Божјиот Ковчег. Имено, тој човек дојде за да му донесе на градот глас, и настана силна викотница низ сиот град.

14 Кога Илија ја чу виката, праша: „Каква е таа голема викотница?” Човекот поита и дојде да го извести Илија.

15 А Илија беше тогаш на деведесет и осум години, очите му беа помрачени, та веќе ништо не гледаше.