1 Кога Самоил остаре, ги постави своите синови за судии во Израел.
2 Неговиот првороденец се викаше Јоил, а вториот син Авија; тие беа судии во Вирсавеа.
3 Ама синовите не одеа по татковите стапки: гледаа на својата печалба, примаа поткуп и ја извртуваа правдата.
4 Тогаш се собраа сите израелски старешини и дојдоа кај Самоила, во Рама.
5 И му рекоа: „Ете ти остаре, а твоите синови не одат по твоите стапки. И така, постави ни цар да владее над нас, како што е тоа кај сите народи.”
6 Ама на Самоила не му беше мило дека рекоа: „Дај ни цар да владее над нас!” Затоа Самоил Му се помоли на Господа.